Cafe Del Mar

Диета со јаболка – прочистува и намалува килограми

Диетата со јаболки ќе ви помогне да ги нормализирате метаболните пореметувања и да ја намалите телесната тежина. Освен тоа оваа диета се препорачува од нутриционистите со цел да го прочистите телото од сите натрупани токсини и слободни радикали кои се појавуваат како последица од нездрава исхрана. Пектините кои ги има во јаболкото абсорбираат во цревата различни токсини, тешки метали, радионуклиди и други опасни материи.

Диетата трае 7 дена и вклучува секојдневна консумација на 1 – 1,5 килограми јаболки распределени на 5 оброци, а на секој оброк се додава и чаша јогурт.

Докажано е ако редовно се консумираат јаболка значително намалува ризикот од појава на малигни карциноми во организмот. Јаболковиот екстракт активно го намалува растежот на раковите клетки. Освен тоа јаболкото делува на метаболизмот на тој начин што го намалува усвојувањето и складирањето на маснотии во телото. Ако сакате да продолжите со слабеењето, тогаш додадете уште седум дена во кои вечерата и доручекот ќе ги замените со по едно јаболко и чаша јогурт.

Јаболките се мијат добро, но кората не треба да се лупи бидејќи во неа се наоѓаат поголемиот дел хранливи материи.

Write A Comment