← НАЗАД НА БОЗА

ДИЕТА СО ПОРТОКАЛИ: мени што ги топи килограмите

ДИЕТА СО ПОРТОКАЛИ: мени што ги топи килограмите
134 Читања

Портокалите, мандарините и грејпфрутот традиционално се конзумираат во текот на зимата, но тие се драгоцени во секоја сезона за прочистување на акумулираните маснотии од телото и крвотокот.

Портокалите, мандарините и грејпфрутот традиционално се конзумираат во текот на зимата, но тие се вредни во секоја сезона за прочистување на акумулираните масти од телото и крвотокот.

Диетата во која исхраната е базирана врз овошните киселини, ензими и витамини од јужните плодови е одлична за време на есенскиот и зимскиот период, кога вирусите и настинките преовладуваат. Со овој вид на исхрана ќе изгубите на тежина и ќе го зајакнете имунитетот.

Портокалите, мандарините и грејпфрутот го освежуваат телото, го забрзуваат метаболизмот и ја стимулираат размената на материи. Цитрусите, забрзувајќи го разградувањето на маснотиите од салото, истовремено го спречуваат појавувањето на нови масти.

Традиционално, тие се најмногу консумирани во текот на зимата, но се драгоцени во секоја сезона за прочистување на акумулираните масти во телото и крвотокот.

ПРВ ДЕН

Појадок: портокал или половина грејпфрут, чаша лимонада која што можете да ја засладите само со вештачки засладувач без калории.

Ручек: портокал, едно варено јајце, чаша кисела павлака.

Вечера: две варени јајца, два домати, една краставица.

ВТОР ДЕН

Појадок: портокал или грејпфрут.

Ручек: варено јајце, изрендан морков, чаша кисела павлака, две парчиња двопек, портокал.

Вечера: две парчиња двопек, 150 грама безмасно сирење, може да се натопи двопекот во незасладен чај или кафе, еден портокал.

ТРЕТ ДЕН

Појадок: портокал, грејпфрут или две мандарини.

Ручек: едно варено јајце, две краставици, портокал, незасладено кафе или чај, лимонада.

Вечера: 150 грама печено пилешко месо, еден двопек, чај или лимонада без шеќер.

ЧЕТВРТИ ДЕН

Појадок: портокал, половина грејпфрут или две мандарини.

Ручек: 150 грама сирење, еден домат, еден двопек.

Вечера: 150 грама мелено месо, два домати, јаболко, еден двопек.

ПЕТТИ ДЕН

Појадок: еден портокал.

Ручек: 200 грама месо од риба, еден двопек, еден домат, кафе без шеќер.

Вечера: една чинија пире компир, парче двопек, чаша лимонада засладена со лажица мед.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk