“Изберете една или повеќе бои и дополнително декорирајте го венчалниот фустан по желба. Бидете уникатни на вашата венчавка и сите нека се вртат по вас, а вие уживајте во погледите”.

Доста ви е од традиционалните бели венчаници?
Тогаш земете ја вашата венчаница и натопете ја во малку боја или поминете ја со помош на airbrush. Венчаницата која малку ќе ја зачините со додаток на боја ќе добие посебен изглед, а во исто време го решава проблемот со кој сите невести со подолг фустан се борат. Во текот на вечерта ќе го избришете подот и свадбениот фустан ќе биде извалкан, понекогаш до тој степен што ќе биде тешко да се исчисти.
Значи зачинете ја венчаницата со боја и ќе изгледате прекрасно и уникатно, а во исто време и чисто.
Бидете креативни, изберете ги боите што ги сакате и ќе се чувствувате одлично и ќе изгледате убаво.
Немојте да им робувате на трендовите, туку бидете свои. Свадба е сепак вашиот ден од соништата!






