← НАЗАД НА БОЗА

Докажано: И мажите можат да имаат постпородилна депресија

Докажано: И мажите можат да имаат постпородилна депресија
64 Читања

Мажите се дури и поподложни на овој статус од жените, а не поминале низ бременост и породување.

Можеби не ви е најјасно како некој што не се породил може да има постпородилна депресија, но сега е докажано дека и мажите страдаат од оваа болест. Еве како е тоа можно.

Повеќе од четвртина од новите татковци покажуваат сериозни симптоми на постпородилна депресија. Мажите не поминуваат низ бременоста и породувањето, нивните нивоа на хормоните не се подложни на постојани промени, немаат болни гради, но сепак можат да страдаат од постпородилна депресија.

Според новите истражувања од Шведска, во изминатите десет години голем број на мажи водат битката со прилагодувањето кон татковството.

Најновото истражување се обидува да утврди колку мажи добиваат постнатална депресија.

Претходно студиите дошле до резултат дека помеѓу четири и десет проценти на мажи се погодени од оваа состојба, додека мал дел од 447 шведски татковци, кои се пријавиле за испитувањето, покажале дека 28 проценти од мажите имаат некој симптом на депресија.

Сè на сè, четири проценти од мажите имале мала депресија, а само еден од нив побарал стручна помош. Она што е утврдено е дека татковците се подложни на емоционални осцилации кога ќе ги затекне новиот семеен живот.

Додека жените во Велика Британија често пријавуваат симптоми кои се поврзани со постнатална депресија, психичкото здравје на татковците ретко се испитува.

Elisa Psouni, една од авторите на шведското истражување, изјавила дека е забележано дури и повисоко ниво на депресија кај татковците, отколку кај мајките, кое се манифестира со симптоми, како што се вознемиреност, бес, раздразнетост, дури и склоност кон алкохолизам.

Во овој случај, когнитивната терапија може да биде корисна, но некои мора да земаат антидепресанти.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk