Motherhood

Докажано: Ќерките стануваат како мајките!

Ќерките го следат моделот на воспитување на своите мајки, а изразот „каква мајка – таква ќерка“ може да се прифати без резерва, кога станува збор за начинот на огледување на децата.

Жените многу повеќе од мажите се склони да ги следат советите од својата мајка односно воспитувањето на децата, се вели во последната студија.

Експерти од државниот универзитет во Охајо ги анализирале резултатите собрани од над 1500 млади родители кои биле прашани колку пати се однесувале грубо кон своите деца во текот на 7 дена, колку често ги гушкале и ги бодреле, и колку често им читале приказна последниот месец. Учесничките во анкетата се избрани од група чии родители учествувале во анкетата во 1979 година.

За трите фактори: шамарите, физкичките знаци на приврзаност и читањето приказни, жените многу стриктно го следеле моделот на однесување на своите мајки. Кај мажите речиси да не се забележува ваква појава.

Write A Comment