Полиците од под до таван се ефективни , а декораторите препорачуваат кај масичките за кафе да се стават енциклопедиите и туристичките книги. Обично многу книги се ставени во дневната соба, но нема причина истите да не ги ставиме и во спална соба.
Лубителите на книги веројатно не размислуваат за естетската функција на нивните омилени наслови, но декораторите ги предупредуваат дека книгите не се само за читање, туку и за изложување. Тие им даваат топлина на домот, така што треба да го добијат местото кое го заслужуваат. Ако ги сакате книгите и имате многу од нив, обидете се да го организирате вашиот дом според нив, бидејќи тие ќе го подобрат просторот и ќе сакате почесто да читате.
Зошто да не користите празен ѕид во дневната соба за да изложите некои од вашите омилени наслови? За ова ќе ви бидат потребни само “невидливи” полици и од далечина, вашите омилени книги ќе изгледаат како врамени фотографии. Кај масичките за кафе, декораторите препорачуваат да се стават енциклопедиите и туристичките книги кои вашите гости можат да ги прелистат.
Обично многу книги се ставени во дневната соба, но нема причина истите да не ги ставиме и во спална соба. На празен ѕид, поставете ги полиците и сортирајте ги омилените наслови, така ќе ви биде полесно да ги имате при рака ако сакате да ги прелистате пред спиење. Добра идеја е да ги ставите на декоративни скали, а посебни места во декорацијата земаат старите книги.
Совет плус: Посветете време за декорација на просторот за читање во која ќе се чувствувате опуштено. Удобна фотелја, светилка, саксија со цвеќе, масичка за кафе за да се стави кафето и – ништо друго не ви е потребно.