Мојата кујна

Домашен Чизкејк

Состојки:

250 гр мелени бисквити

100 гр стопен путер

3 лажици млеко

500 мл слатка павлака

500 гр свежо сирење

150 гр шеќер во прав

300 гр шумски плодови

1 кесичкa ванилин шеќер

1 кеса инстант желатин

Подготовка:

  1. Измешајте ги мeлените бисквити со стопениот путер и млекото и израмнете ги во кружен калап за торта.
  2. Слатката павлака измешајте ја со миксер и додадете го сирењето и шеќерот во прав и промешајте ги сите заедно.
  3. Во вториот сад сецкајте ги шумските плодови, додадете ванилин шеќер, а потоа се меша смесата што претходно ја направивме.
  4. Сите заедно се промешуваат со миксер и постепено се додава желатинот.
  5. Истурете го врз бисквитите и оставете го во фрижидер да се олади.

Напиши коментар