Мојата кујна

Домашен сладолед од кокос и бела чоколада

Лето е и сладоледот е секојдневна потреба за сите нас. Затоа ви предлагаме сладолед од кокос и бело чоколадо што ќе ги заслади вашите летни денови.

 

Состојки:

250мл вода

60гр кокосово брашно

150мл кокосово млеко

150гр кисела павлака

150гр Слатка павлака

75гр шеќер

75гр бело чоколадо

4 лажици кокосово брашно

1/2 лажички екстракт од ванила

 

Подготовка:

 

Сварете ја водата и кокосовото брашно во сад, на лесен пламен со постојано мешање. Додајте млеко и гответе уште 3 минути. Извадете го садот од оган и нека остане така 5 минути. Со помош на миксер, направете каша. Исцедете го млекото со помош на цедалка. Направете цврста крема од благата павлака со помош на миксер.

 

Растопете го белото чоколадо на пареа и оставете малку да се излади. Измешајте кокосово млеко, павлака, шеќер и ванила во посебен сад со миксер. Матете со миксерот додека не се стопи шеќерот и додека не се појават меурчиња на површината.

 

Постепено додајте го кремот во смесата и лесно мешајте. Потоа додадете го стопено чоколадо и кокосово брашно, така што темелно ќе ги измешате заедно. Излијте ја добиената мешавина во пластична чинија со капак или покријте ја со фолија.

 

Ставете го сладоледот во замрзнувачот најмалку 4 часа. Пред да служите, извадете го сладолед 10 минути за да се отпушти.

 

Уживајте во сладокото освежување!

Напиши коментар