← НАЗАД НА БОЗА

Домашните миленичиња влијаат врз здравјето на децата: Еве што можат да научат од нив

Домашните миленичиња влијаат врз здравјето на децата: Еве што можат да научат од нив
33 Читања

Преслатки фотографии од децата и нивните миленици го освојуваат интернетот. Миленичето е најчесто предмет на детскиот копнеж, а искуството што децата го добиваат растејќи со животни е непроценливо.

Домашните миленици докажано имаат позитивен ефект врз задоволството и развојот на вашето дете.

Децата кои растат со домашните миленичиња имаат посилен имунолошки систем и имаат помала веројатност да се разболат, а исто така се посмирени и можат да толерираат повисоки нивоа на стрес.

Во миленичиња, тие наоѓаат безбедност и засолниште, а допирот и галењето ги ослободуваат од стресот и го зголемуваат производството на хормонот на среќата.

Покрај тоа, тие ќе учат на овој начин како да бидат поодговорни и како да се грижат за друго живо суштество.

Оваа форма на грижа развива социјални компетенции, чувство на посветеност, самостојност и психолошка стабилност.

Сепак, важно е да се истакне дека е неопходно да се исклучи можноста за алергија пред да се избере милениче.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk