Cafe Del Mar

Дознајте 7 тајни за совршена линија

Летото веќе пристигнува, а вие и понатаму не сте во добра форма. Прочитајте ги овие 7 совети кои ги откриваат најсексите жени.

ЈАДЕТЕ ЧЕСТО

Јадете повеќе пати во денот, но количински малку. За време на паузата кога не јадете, џвакајте мастика која ќе ви помогне да ги согорите калориите од оброкот.

СПИЈТЕ

Квалитетниот сон има голема улога во одршувањето на витката линија. Луѓето кои спијат малку, изгубената енергија ја надокнадуваат со нездрава храна.

ГОТВЕТЕ

Избегнувајте ја брзата храна. Самите гответе си и користите здрави производи и пред се’ зеленчук.

РАБОТЕТЕ

Сите домашни задачи сработувајте ги рачно. Мијте садови, чистете, бришете прашина. Нема да приметите, а всушност цел ден ќе вежбате.

ОДЕТЕ

Покрај тоа што помага за намалување на тежината, одењето е и здраво и ги затегнува мускулите, а особено задникот.

СМЕЈТЕ СЕ

Ако дневно се смеете најмалку по 15 минути, тогаш ќе согорите најмалку 50 калории, а покрај тоа ќе ви донесе и подобро психичко здравје.

ПОЈАДУВАЈТЕ

Појадокот е од пресудно значење за витката линија! Дури и калоричниот оброк ќе помогне во слабеењето, бидејќи го забрзува метаболизмот.

Write A Comment