← НАЗАД НА БОЗА

ДРВО НА ОТПЕЧАТОЦИ

ДРВО НА ОТПЕЧАТОЦИ
91 Читања

Дали сакате да зачувате сеќавање од вашата свадба, кое воедно ќе биде мало уметничко ремек дело во кое ќе учествуваат сите ваши гости? “Дрвото на отпечатоци” е вистинскиот избор за вас.

Овој креативен спомен е оригинален, бидејќи содржи уникатни отпечатоци од прсти и потписи од сите кои ви се блиски. Исто така, оваа идеја е совршена замена за т.н. “Книга на впечатоци”, која често им задава главоболки на гостите додека размислуваат што да напишат. Таа често останува заборавена во фиоката, и само понекогаш младите ќе се сетат да ја прелистаат.

Дрвото на отпечатоци е нешто ново и различно и претставува идеално решение за сите млади кои уживаат во ваквите невообичаени работи.

Ви треба следново:

  • платно со нацртано дрво
  • специјални мастила во боја кои ќе им помогнат на гостите да го остават својот отпечаток
  • фломастер или молив
  • влажни марамчиња

По изборот на дрвото со најубав изглед, не заборавајте да ги напишете вашите имиња на платното, датумот на свадбената церемонија и убав цитат кој ја опишува вашата љубов.

Најдоброто место за дрвото на отпечатоци е некаде околу влезот на местото каде што ќе се одржува свадбената прослава, бидејќи така никој од гостите нема да го пропушти. Во прилог на платното, оставете ги гореспоменатите додатоци – повеќе мастила во боја, фломастер или молив и влажни марамчиња. Во непосредна близина, исто така, оставете упатство во кое ќе го опишете начинот на кој сакате вашето дрво да добие лисја со отпечатоци од прсти. Задолжете една личност која ќе стои до платното и ќе им ги појаснува нејасните работи на гостите. Покрај вашите имиња, оставете отпечаток од вашите прсти во форма на срце.

Веќе подолго време е познато дека дрвото е симбол на стабилност, а токму ова ја претставува стабилноста на вашиот брак. Крошната исцртана со отпечатоците од вашите најблиски и нивните потписи е симбол на нивната безрезервна поддршка за вас.

Ова уметничко дело засекогаш ќе го разубавува вашиот дом и ќе ве потсети на прекрасните моменти поминати на денот на свадбата.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk