Убавина

Две испитани рецепти за отстранување на брчки под очите

Брчките под очите можат да се појават од различни причини и во по млада возраст. Тоа зависи од здравствената состојба, од шминката или просто од гримасите кои често ги правиме.

Кожата околу очите е многу тенка и чувствителна, така што брчките на неа многу брзо се појавуваат. Следните природни рецепти ќе ви помогнат во грижата за проблематичната зона околу очите.

Во топло млеко ставете срединката од лепчето, и направете мека каша. Нанесете ја околу очите и почекајте 15-20 минути. Потоа исплакнете со топла вода.

Измешајте 1 белка од јајце со една лажица мед и една лажица брашно, но претходно истопете го медот на пареа, за да го направите течен. Нанесте околу зоната на очите и почекајте 10 минути. Потоа убаво исплакнете со вода.

Write A Comment