Дестинации

ЅИРНЕТЕ ВО ВНАТРЕШНОСТА НА КЕОПСОВАТА ПИРАМИДА! Прошетајте низ ТАЈНИТЕ тунели и простории!

Уживајте!

Кеопсовата или Куфу пирамида е дефинитивно најголемата пирамида, единствената која е зачувана од седумте чуда на античкиот свет.

Оригинално таа беше висока 146,5 метри, а денес има 138,8 метри. Нејзиниот градител, фараонот Куфу, познат под грчкото име Кеопс, ја градел, според мислењето на египтолозите, околу 20 години – помеѓу 2509 и 2483 п.н.е.

Во пирамидата има бројни коридори и ходници и три огромни комори, а секако најпозната е Големата галерија, најголемата просторија досега откриена во неа.

Благодарение на 3D видеото на BBC, имаме можност виртуелно да прошетаме  низ цврстите камени блокови и да ги откриеме скриените премини и простории.

Write A Comment