← НАЗАД НА БОЗА

Едноставен колач од јаболки

Едноставен колач од јаболки
102 Читања

Состојки

  • мерката е чаша од 200гр
  • 1 чаша шеќер
  • 3 јајца
  • 1 чаша масло
  • 270 гр брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 10 гр цимет
  • 675 гр рендани јаболки
  • шеќер во прав

Подготовка

Сите состојки треба да бидат на собна температура и да се измерат. Брашното, сода бикарбоната и циметот измешајте ги. Изрендајте ги јаболките, не ги цадете.

Изматете ги јајцата, постепено додадете шеќер, шеќерот треба да се растопи, а потоа додадете масло, а на крај мешавината од брашно, сода бикарбона и цимет. На крајот, измешајте ги јаболките, полека мешајте, јаболките да не пуштат сок. Затоа, најдобро би било додека ги матите состојките, некој да ви ги изренда јаболките.

Подмачкајте го тавчето за печење и ставете хартија за печење, истурете ја смесата и печете на 180-190 степени, големината на тавата треба да е 32-19cm или малку поголема. Проверете со чепкалка за заби дали е печен колачот. Кога ќе се излади, посипете со шеќер во прав, а можеби и со чоколадна глазура.

Во овој колач можете да додадете неколку сецкани ореви  или суво грозје, боровинки, на вас оставаме да одлучите со што ќе го збогатите.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk