Убавина

Ефикасна beauty рутина за маскирање на подочниците

Уморот и стресот често оставаат видлив траг на нашето лице.

Неретко тој траг е во форма на подочници и исцрпен израз на лицето.

Овој проблем најлесно се решава со здрав сон, но ако не постои можност да го сторите тоа, ние ве советуваме да ги следите овие beauty правила, кои ќе ви дадат свеж изглед.

Пијте повеќе вода

Хидратацијата е исклучително важна за сјаен и свеж изглед на вашата кожа. Таа најдобро ќе се постигне со зголемување на дневниот внес на вода, но и со хидратантни креми и храна богата со омега-3 масни киселини, како што се оревите и рибата.

Исфрлете ги темните сенки од употреба

Темните сенки во никој случај не се добар избор ако имате изразени подочници. Решението за вас е белиот молив за очи со светла нијанса на сенка, што ќе ја неутрализира темната боја на подочниците под очите.

Изберете коректор со розев подтон

Кремастиот и хидратантен коректор со топла нијанса на праска најдобро ги крие трагите од подочниците и му дава свежина на вашето лице.

Напиши коментар