Дестинации

Есен на едно од најубавите и најмалку познатите италијански езера

Италијанските езера се познати во светот како најромантични езера на планетата, но постои и едно што не е толку многу познато.

Тоа е малото езеро Орта, на северозападната страна на Италија, во близина на границата со Швајцарија.

Изгледа исто како и живописните села во Швајцарија, а пејзажот се карактеризира со историската црква Madona del Saso, која стои на карпестиот рид на западната страна и го прави погледот од езерото идиличен.

Природната убавина на регионот не може да се опише со зборови, но дефинитивно она што ќе ве скамени и ќе ви го украде срцето е La Darbia, комплекс на камени куќи, целосно реновиран така што во целост ја отсликува италијанската естетика.

Малечкото, село од камен поставено на карпата се состои од главната зграда и посебни апартмани, сите поставени околу ридот со прекрасен поглед на езерото.

Ако случајно се плашите дека ќе ви стане досадно по неколку дена, не заборавајте дека езерото нуди голем број на активности, вклучувајќи ги и екскурзиите до околните села, турите низ класичните вили, езерото Маџоре, долината Val Formazza со импресивен водопад, но и возење со брод до островот San Giulio.

Write A Comment