Платнените патики со гума во стилот на “старки” оваа сезона се вистински хит. Но белата гума ќе се валка уште по првото носење и ќе добие жолтеникава боја.
Доколку сакате вашите платнени бели патики подолго време да бидат како нови, ви откриваме едноставен трик со кој се тргаат и најтврдокорните флеки.
Што е потребно:
– Отстранувач на лак за нокти (ацетон)
– Памучна крпа
Постапка:
- Ставете ги патиките на вашата рака за да добиете цврста подлога.
- Натопете ја памучната крпа во ацетон и темелно избришете ја гумата од патиките.
- Доколку е потребно, повторете ја постапката, но со чистиот го делот од крпа, што повторно сте го натопиле во ацетон.
- Исплакнете ја крпата во топла вода, и потоа пребришете ја гумата уште еднаш со чиста влажна крпа.
Совет:
– Доколку сѐ уште има дамка на гумата, додадете малку детергент на кујнски сунѓер и истријте го гумениот дел од патиката. Потоа избришете со влажна крпа.