Здраво тело

Еве што ни направи наглото паѓање на ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Срцето страда, пукнатини на кожата, болки во зглобовите

Ненадејната промена на температурата што нè погоди завчера предизвика последици. Најмногу погодени беа хронични пациенти, кои имале појаки симптоми, но исто така и луѓе кои немаат големи здравствени проблеми. И поради оваа голема промена, многу луѓе се уште се чувствуваат лошо.

Чувствуво на гадење, вртоглавица, главоболки, замор и општа слабост се тесно поврзани со ненадејните промени на времето. Експертите шпекулираат дека причината е дека ние го минуваме поголемиот дел од нашето време во затворен простор, така што способноста на телото да се аклиматизира е намалена.

Тука се проблемите за кој вчерашниот ден може да биде директен виновник.

Пукање на кожата – Воздухот во климатизирани соби е многу сув. Кога ладното време ќе пристигне без дожд, во воздухот нема влага, што дополнително ја дехидрира кожата.

Главоболки – временските промени кај некои луѓе предизвикуваат хемиски дисбаланс во мозокот. Затоа, при екстремни температурни промени, висока влажност и промена на притисокот на воздухот, главоболките и мигрената се почести.

Вируси – Студеното време придонесува за ширење на вирусот, бидејќи е полесно да се репродуцира на ладен воздух. Првата имунолошка одбрана се одвива во носот, но студениот воздух ја ослабува таа одбрана, поради што сме склони кон инфекција. Ние сме повеќе изложени на вируси, бидејќи  сме почесто во поголема група на луѓе.

Помалку штета – Климатските промени исто така можат да влијаат и кај очите. Ваквите услови можат да ги влошат симптомите кај оние кои се склони кон сушење на окото, а помалку сонце значи помалку штетни УВ зраци кои го оштетуваат окото.

Напиши коментар