← НАЗАД НА БОЗА

Еве зошто чајот треба да се пие секој ден

Еве зошто чајот треба да се пие секој ден
218 Читања

Многумина од нас пијат чај само кога се болни, а факт е дека треба да го пиеме секој денЧајот е од големо значење за доброто здравје и долговечност, според едно ново истражување, во кое беа направени 40 анализи.

Многумина од нас пијат чај само кога се разболуваат, а факт е дека треба да го пиеме секој ден.

Прво, чајот е многу добар за срцето. Се препорачува консумирање на четири до пет чаши црн или зелен чај дневно, со цел да се подобрат кардиоваскуларните функции, да се намали крвниот притисок и да се намали ризикот од инфаркт и мозочен удар.

Бидејќи кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртност, дефинитивно би требало пиењето на чај да ни прејде во навика.

Покрај тоа, зелениот чај и црниот чај значително го намалуваат нивото на лош холестерол кој е поврзан со ризикот од кардиоваскуларни болести.

Истражувањето кое траеше 12 недели покажа дека три чаши црн чај дневно го намалуваат нивото на опасни триглицериди за 35,8 проценти, а односот помеѓу лошиот и добар холестерол е подобрен за 16,6 проценти.

Зелениот чај најдобро делува на намалувањето на нивото на холестерол, а неколку истражувања покажаа дека редовната конзумација на зелениот чај значително ја подобрува когнитивната функција. Исто така, нормално е да се намалат когнитивните функции во текот на годините, но ова опаѓање е помало кај оние кои редовно пијат чај. Едно истражување, исто така, покажа дека луѓето кои консумираат црн чај поминуваат малку подобро на тестовите кои бараат внимание.

“Вториот најпопуларен пијалок во светот, по водата, чајот, навистина придонесува за секојдневна когнитивна функција”, рекоа авторите.

Кога станува збор за чај, треба да спомнеме дека помага во одржувањето на оралното здравје – чајот е природен извор на флуор, така што помага да се одржат забите здрави, а здивот свеж.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk