← НАЗАД НА БОЗА

Еве зошто децата се позаинтересирани за хартијата од подарокот

Еве зошто децата се позаинтересирани за хартијата од подарокот
95 Читања

Ако имате многу мали деца, не бидете изненадени ако тие повеќе и поубаво се играат со „пакувањето“ отколку со подарокот.

Ако имате деца, веројатно ќе вложите многу време и напор при изборот на новогодишните подароци. А тогаш, кога конечно ќе го најдете совршеното изненадување за најмалите, ќе дадете се од себе за да биде најубаво завитканиот подарок на овој свет.

Декоративна хартија, панделки, светки … и конечно, кога ќе завршите, задоволно ќе го погледнете пакетчето и ќе бидете горди, со добра причина.

Инвестиравте толку многу љубов и напор…

Сега, ако детето е многу мало, кога ќе дојде моментот да се отвори подарокот, веројатно ќе сфатите дека детето е заинтересирано за хартијата или кутијата веќе некое време, додека внимателно избраната играчка лежи некаде на страна.

Еве зошто децата се привлечени кон декоративната хартија.

„Децата на помала возраст се многу заинтересирани за распакувањето, бидејќи нивните родители кога им го даваат подарокот ги охрабруваат да го сторат тоа. Потоа следи интересно „шушкање“ додека се кине хартијата, а тоа ја подобрува и фината моторика како и координацијата на очите и рацете“, објаснува психологот Д-р Шона Годал, пренесува британскиот„Мирор“.

Децата обично продолжуваат да играат со хартија или кутии, бидејќи тоа е „предизвик“ за поттикнување на нивната креативност, што е многу важно во раната возраст.

Затоа, не се разочарувајте ако вашето дете и се израдувало на шарената хартија повеќе од подарок што сте го избрале внимателно.

Тие растат брзо, и пред да се свртите, целиот “список” на новогодишни желби ќе ве чекаат на почетокот на декември.

Во меѓувреме, уживајте во нивната насмевка додека  шушка хартијата.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk