← НАЗАД НА БОЗА

Фантастична диета со кисело млеко

Фантастична диета со кисело млеко
6960 Читања

Ако сакате за кратко време да влезете во форма, ви нудиме една фантастична диета. Диетата трае 7 дена и се намалуваат од 4-6 килограми.

 

Принципот е следниот: јадете кисело млеко кога ќе сакате и колку ќе сакате. Притоа можете да додадете и други видови храна според правилата:

1, 2, 3 ден

Може да додадете варен ориз или компири во менито. Никакви газирани пијалаци! Од алкохол дозволено е само бело вино и тоа не повеќе од 1 чаша.

4, 5, 6 ден

Освен кисело млеко можете да јадете и пилешко филе варено или печено. Може да додадете и свежа салата. Без алкохол и газирани пијалаци.

7 ден

Кисело млеко и овошје. Само без банани и грозје. Може да си дозволите чаша вино. Важно е откако ќе завршите со 7-от ден да не почнете да се прејадувате. Постепено зголемувајте ја количината и додавајте ги другите видови храна.

Накратко, тоа е! Ќе ви биде тешко само првите 2 дена. Ако ви дојде желба за нешто благо, само помислете на омилените тесни фармерки кои веќе не ви стојат така добро. Ова секогаш делува. Ќе чекаме да ги споделите резултатите. Успех!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk