← НАЗАД НА БОЗА

Фенг шуи: 3 работи кои ја блокираат позитивната енергија

Фенг шуи: 3 работи кои ја блокираат позитивната енергија
54 Читања

Фенг шуи е древна вештина на живеење и уреден простор. Според Фенг Шуи, некои работи го блокираат протокот на позитивна енергија во нашиот дом и во животот, притоа задржувајќи негативна енергија во нашиот животен простор.

Ние ви донесовме листа на работи што не треба да ги чувате во вашиот дом, ако сакате да останете позитивни и кул:

Цветни растенија

Растенијата го симболизираат растот и напредокот, па затоа е пожелно да ги чуваме во нашиот животен простор. Меѓутоа, ако некои од вашите растенија почнале да венат, веднаш треба да ги тргнете од вашиот дом, бидејќи тоа ќе го спречи напредокот и ќе влијае за некое време да стагнирате во секој животен план.

Неупотребливи предмети

Собирање на непотребни и дисфункционални нешта, само ја таложат негативната енергија во вашиот дом. Многу е поздраво за вашата психа во просторот во кој живееш да биде ослободен од непотребни работи и негативни вибрации.

Непожелни подароци

Иако поклонот секогаш се носи со добра намера едни на други, секој од нас барем еднаш добил нешто што не му е потребен. Поради благодарност на личноста која ни купил подарок, ние често го чуваме она што не го сакаме, а тоа негативно влијае на нашата енергија и на нашиот мир. Според Фенг Шуи, таквите подароци не треба да се чуваат во животниот простор.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk