Венчавката треба да биде најубавиот ден од животот на секој пар кој ќе го каже судбоносното “ДА”. Сепак знаеме дека тоа не мора секогаш да биде така.
Службените фотографи кои сликаат на венчавките, по низа години искуство, ги анализираат емоциите и скриените знаци и знаат точно дали бракот ќе потрае или не.
Еден од партнерите е комплетно незаинтересиран како ќе изгледа на свадбените фотографии
“Се сеќавам на брачен пар кој се разведе само 3 месеци по венчавката. Невестата на денот на венчвката се сврти и ми кажа, – да не ти паднало на памет денес да ме сликаш. Она беше истата која ме ангажираше за сликањето” – објаснува еден фотограф.
Кога на венчавката нема да дојдат 20 посто од поканетите гости
“Се подразбира дека на денот на венчавката нема да дојдат сите гости кои се поканети, но кога таа бројка е 20 посто или повеќе, јасно е дека повеќето луѓе не верувале во таа врска и е очигледен знак дека бракот нема долго да трае” – објаснува друг фотограф.
Сликање за друштвени мрежи, а не заради љубов
“Повеќето парови сакаат да имаат професионални фотографии како оние кои кружат низ друштвените мрежи, а притоа не ја покажуваат хемијата помеѓу нив. Ако ја нема таа хемија, ниту фотографиите ќе бидат како што треба, ниту бракот ќе трае” – вели искусен фотограф.
Несогласувањето околу финансиите за време на свадбата
Честа појава е несогласувањата околу трошоците за венчавката, но уште полошо е ако тие дојдат до израз и на денот на самата венчавка, момент кога парот треба да ужива.
Младите се најмалку заедно на својата венчавка
И покрај целата гужва и адреналин, младите секогаш мора да најдат време да се посветат еден на друг за време на венчавката, а не да бидат цело време растргнати на сите страни.