Се разбудивте со лоша фризура, а треба да излезете од дома што поскоро? Познатата корисничка на каналот YouTube сподели интересен туторијал на нејзиниот канал, каде нуди четири совети за фризура во зимските денови.
Станува збор за тоа како вашата коса да изгледа беспрекорно додека носите капа, топол додаток во зимската гардероба на кој сигурно досега не гледавте како аксесоар за разубавување.
Првата фризура е за оние кои немаат проблем со времето, па можат да си ја навиткаат косата. Во вториот пример „Bebexo“ ја дели косата на две игриви коњски опавчиња, кои се се освен обични, додека третиот совет е плетенка со зголемен волумен. Во нејзината четврта фризура, таа покажува како можете со помош на капа да направите вашата коса да изгледа пократко, и да добиете сосема нов и свеж изглед.
Она што е најизненадувачки, е фактот што овие фризури изгледаат уште подобро откако на крајот ќе се додаде капата.
