За детергент за чистење на фуги, потребни се седум чаши вода, половина чаша сода бикарбона, една третина од чаша сок од лимон и една четвртина чаша оцет.
Поради влагата, пареата и температурни промени, на ѕидот каде што се ставени керамичките плочки, помеѓу плочките се формира нечистотија. После неколку години, фугата добива поинаква боја. Како да го исчистите?
За да не купувате скапи хемикалии, можете да направите квалитетен детергент во домашни услови.
– За детергент за чистење на фуги, потребни се седум чаши вода, половина чаша сода бикарбона, една третина од чаша сок од лимон и една четвртина чаша оцет.. Почекајте неколку часа за растворот да се хомогенизира.
Со сунѓер или крпа поминете по линиите кај што е фугата додека не се исчисти.
Како е можно плочките да остануваaт што е можно по чисти? Нанесете слој од восок за автомобил над плочките и фугата. На овој начин ќе спречите нечистотијата да се лепи на нив.
СОСТАВ: вода, сода бикарбона, сок од лимон и оцет.