Sweet Home

Футуристичка вила во Шпанија

Мадридските архитекти, Жил и Бартолом, го креираа овој дом со поглед на Медитеранот, кој е навистина единствен.

Нивниот проект се вика House on the Cliff. Не замислувајте мала колиба на врв на некој рид, зошто таа не е ни најмалку мала и неприметна. Оваа вила од едната страна се наоѓа во карпа, нудејќи беспрекорен поглед кон океанот. Ако некогаш сте размислувале да го напуштите луксузниот живот и да уживате на совршена локација, овој проект ќе ве натера да размислувате малку поинаку. Оваа вила е двоспратна палата која има огромна тераса и базен.

Како што веќе кажавме, со едната страна е вметната во карпа, и има брановити лимови на кровот кој го запазуваат околниот терен. ,,Задачата која ни беше дадена се состоеше во тоа да ја интегрираме вилата во преубавиот пејсаж кој ја опкружува и да го адаптираме животниот простор кон морето “-рекоа архитектите. Тие го истакнаа тоа дека необичниот облик кој го има вилата како и кровот кој  е во металик боја, произведуваат естетска двосмисленост која постои помеѓу природните и вештачките елементи.

Поголемиот дел од оваа вила е подземен, а нејзиниот лимен покрив е инспириран од еден проект на архитектката  Антонија Гаудија. Нејзиниот подземен дизајн дава на станарите посебна можност да уживаат во пријатната температура, која изнесува околу 19.5 степени во преку целата година. Кога станува збор за неверојатни домови, овој со својата убавина и инспирација им постави тешка задача на сите останати архитекти.

Напиши коментар