Не, и ние не можеме да поверуваме…

Изборот на вашата венчаница треба да биде една од највозбудливите / нервни задачи во вашиот невестински зафатен распоред – а да не заборавиме и најскапата!
Свадбите можат да бидат многу скапи, а фустанот е несомнено скапа мисија – но не повеќе!
Меката на високата улична мода, H & M, произведе избор на неверојатни венчални фустани почнувајќи од само 35 фунти. Да, прочитавте убаво. Има фустан со чипка, деколте, фустан на раменици, едноставно свилено фустанче, а дури и оној со слоеви од тул.
Велат дека просечната цена за венчаница е околу 1400 фунти, со тоа што ќе купите еден од овие фустани, можете да ги потрошите вашите тешко заработени пари на прекрасен пар свадбени чевли или на фенси меден месец.

£35
Ја сакаме едноставноста на овој свилен фустан. Должината до подот има прекрасен пад, а деликатните прерамки му даваат прекрасен класичен финиш.

£35
Ако сте заљубени во чипката, овој блескав фустан има прекрасно деколте, целосно чипкани ракави (исто како Војвотката од Кембриџ) и низок пресек на грбот кој е финиширан со ред од копчиња.

£149.99
Еден од најскапите дизајни во high street колекцијата (и сеуште изнесува помалку од 200 фунти) е овој прекрасен фустан кој има впечатлив слој од чипка и прекрасен корсет кој ќе ви ја истакне фигурата.

£35
Ако го сакате изгледот со чипка, но не сакате долги ракави, овој дизајн без ракави ќе биде совршен за вас. Исто така, го истакнува длабокото деколте со V форма, кое се преклопува по целата должина.

£199.99
За крај, омилен ни е и овој фустан. Изгледот кој што го дава фустанот со голи рамена е многу популарен кај идните невести, бидејќи покажува малку кожа без да открие премногу. Асиметричниот пресек, исто така, додава интерес и му дава модерен изглед.
