ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500 г брашно
* 1 лажичка сол
* 1 лажичка шеќер
* 280-300 мл млака вода
* 50-60 мл масло за готвење
* 1/2 коцка свеж квасец
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Од состојките за подготовка на гиропитито, замесете убаво, фино тесто. Покријте го и оставете го на топло место да нарасне.
Стасаното тесто поделете го на 4 дела и формирајте топчиња.
Секое топче расукајте го во круг (не премногу тенок) и ставете го врз мрсна хартија.
Постапката повторете ја и со останатите топчиња.
За да не се залепат, помеѓу секој расукан круг ставете парче мрсна хартија. Вака спремни, покријте ги со крпа и оставете ги повторно да нараснат (барем поливна на час на топло место).
Тавата за печење превртете ја наопаку, ставете ја во рерна на 200 степени и оставете ја добро да се загрее.
Внимателно, расуканите нараснати крукчиња, ставете ги врз загреаната тава и печете ги 7-8 минути или се додека фино не нараснат и добијат златникава боја.