← НАЗАД НА БОЗА

Гладијаторски сандали

Гладијаторски сандали
454 Читања

И оваа сезона  како и претходната, гладијаторките   повторно се меѓу  „најжешките“  трендови во однос на обувките. Актуелноста на овие модели на сандали продолжи да расте, а тие само еволуираа во живописни бои, колорни блокови, рамни и на висока потпетица.  Всушност,  кај гладијаторките главниот фокус е ставен на деталите како врвките,нитните, чворовите, плетенките. Најефектно изгледаат кога се комбинираат во едноставна комбинација од смирени линии. Сепак, ваквите модели иако се таргетираат како трендовски, најчестиот случај на нивната примена не е масовен туку субјективен.

Обидете се да ги комбинирате со некои лелеави фустанчиња, здолништа, макси кошули и бидете сигурни дека ќе добиете добитна микс комбинација. Во продолжение погледнете ги најновите модели за 2014 и инспирирајте се доколку веќе сте намислиле да се подновите со еден ваков чифт.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk