Убавина

Го впива и исфрла сите нечистотии од телото: Моќниот прав измешајте го со половина чаша вода и пијте!

Глината има голема моќ на апсорпција, таа впива, дренира и ги исфрла нечистотиите од телото.
Нејзиното дејство е антитоксично, ја зголемува одбранбената моќ на организмот, ги „оживува“ клетките и ги снабдува со витална енергија, го забрзува процесот на зараснување на раните, ја чисти кожата, ја подобрува апсорпцијата на храна, воспоставува рамнотежа на флората во цревата и ги евакуира токсичните материи коишто се штетни за здравјето.

Каде да купите глина? Која да ја изберете?

Глината е најдобро да ја купувате во билните аптеки. Се произведува во вид на гранули или во прав. Постојат повеќе видови на глина: зелена, жолта, сива и бела. Сепак, зелената глина најчесто се употребува.

Како се употребува глината?

Глината се пие, помешана со вода или се употребува надворешно, најчесто во вид на маска, купка или облога. Се подготвува во стаклена чаша, а се меша со дрвена лажица. Во половина чаша додадете една мала лажица глина. Оставете ја да отстои 2 – 3 часа (може и подолго). Наутро на празен желудник промешајте ја течноста и испијте ја. Пијте ја само водата (особено на почетокот), почекајте глината да падне на дното од чашата.

Во текот на оваа терапија со глина, потребно е да се зголеми вносот на вода со што се забрзува процесот на отстранување на штетните материи од организмот. Консумирањето на глината не би требало да трае подолго од три недели.

Дејството на глината е исклучително интензивно, активно, телото едноставно мора да реагира на неа, па некогаш може да се случи состојбата да се влошува, наместо да се случува обратното.

Сепак, неопходно е да се посоветувате со вашиот лекар пред да донесете одлука за употреба на глината за лекување. А особено треба да се внимава ако имате висок крвен притисок, патите од астма или алергии.

Глината во служба на убавината

Глината се употребува и како природно сретство за нега на кожата на лицето и вратот. Исклучително е ефикасна за лечење на промените на кожата и за нејзина регенерација. Глината може да се употребува во облик на маска или купка. Како купка се апсорбира лесно, има исклучително благотворно дејство на целиот организам бидејќи релаксира, го отстранува заморот и стресот, а кожата станува поздрава, поеластична и помека. Купката со глина ја ублажува и напнатоста на мускулите и ги намалува болките во зглобовите.

Купка

Во топла вода за капење додадете глина во прав. Останете во кадата околу 30 минути. За рамномерно да делува на целото тело, намачкајте го телото со глина и оставете глината да отстои додека не почне да се суши. Потоа е потребно да ги отстраните и најмалите остатоци од глина од кожата (со подолго туширање со млака вода). Оваа купка опушта, ослободува од токсини и придонесува за убавина на кожата.

Маска за лице

Маската со глина се употребува за длабинско чистење на лицето: глината промешајте ја со малку ладна вода, нанесете ја на лицето (избегнувајте го подрачјето околу очите и усните. После 10 минути исперете со млака вода. Сепак, оваа маска најмногу им помага на оние со мрсна кожа, додека сувата кожа на лицето може дополнително да ја исуши.

Маска за коса

Промешајте глина во прав со маслиново, бадемово или масло од пченични никулци. Нанесете ја мешавината на косата и оставете да делува 20 – 30 минути. Потоа потребно е добро да ја исперете косата. Косата ќе биде сјајна, чиста и мека.

Важно: После секоја поединечна употреба на глината, фрлете ја, бидејќи таа ги собира сите токсини од вашето тело и затоа не треба да се употребува по втор пат.

Write A Comment