Мојата кујна

Гответе и штедете: Направете го овој волшебен десерт

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 филџан брашно

* половина филџан шеќер во прав

* 6 лажици какао

* 2 лажичиња прашок за пециво

* ¼ лажиче сол

* половина филџан млеко

* 6 лажици стопен путер

* 1 лажиче екстракт од ванила

* 1 филџан кафеав шеќер (или помалку)

* 100гр чоколадо за готвење (изрендано)

* половина филџан излупени лешници (околу 100гр)

* 1,5 филџан врела вода

* салдолед од ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Ставете малку масло во ватросталниот сад. Во помал сад измешајте ги брашното, шеќерот во прав, 3 лажици какао, прашокот за пециво и солта. Во друг сад измешајте го мелското, стопениот путер и екстрактот од ванила. Измешајте ги двете смеси да се соединат и ставете ги во садот за печење.

Во посебен сад измешајте ги шеќерот во прав и преостанатите 3 лажици какао. Посипете го овој микс над смесата, а веднаш потоа и изренданото чоколадо и издробените лешници. На крајот врз сето тоа ставете врела вода, но не мешајте. Печете околу 40 минути. Оставете да се излади околу 5 до 10 минути и сервирајте топло, со топка сладолед од ванила.

Уживајте!

Write A Comment