Потребни состојки:
4 шолји вода
2 или ½ шолји шеќер
3 шолји гриз
1 пакет ванила
1 шолја масло
Цимет-по желба
Начин на подготовка:
Прво го спремаме сирупот од вода и шеќер. Во него додаваме ванила.
Кога ќе биде готов, во длабока тава се става масло. Кога ќе се загрее додаваме гриз и се пржи додека не стане златасто.
После тоа сирупот се става во неа и енергично се промешува да не се формираат грутки.
Истурете го во садот и почекајте да се олади. Послужете со цимет-по желба.
