← НАЗАД НА БОЗА

Гриз алва со цимет и кафе

Гриз алва со цимет и кафе
279 Читања

Потребни состојки:

2  1/3 чаша вода

1 чаша шеќер

1 чаша гриз

2 лажици цимет

80 гр. путер

1 лажица инстант кафе

Начин на поготовка:

Измешајте ја водата со 1 лажица инстант кафе. Потоа додаваме шеќер. Се врие додека не се добие сируп.

Ставаме 80 г путер во тава на оган за да омекне. Во стопениот путер ставаме една чаша со гриз. Продолжуваме да мешаме.

Го пржиме путерот со гризот додека не  добиваме златнаста боја.  Полека го ставаме врелиот  сируп во мешавината од путер и гриз. Постојано мешаме за да не се формираат грутки.

Кога ќе  ја добеме саканата смеса, го истуриме во мал плех. Одозгора посипете со цимет. Кога ќе се олади, го пресекуваме на коцки.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk