Мојата кујна

Гриз коцки. Многу едноставни

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

 Кора

* 1/2л вода

* 1/2л млеко

* 200гр шеќер

* 200гр гриз

* 100гр чоколадо

Фил

* 1л млеко

* 4 пудинга од ванила

* 10 лажици шеќер

* 150гр маргарин

* 2дл слатка павлака

За чоколдната глазура

*150гр чоколадо

*3 лажици масло, 50гр маргарин

*2 лажици шеќер во прав

*5 лажици млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

За подлога сварете гриз во комбинација со вода и мелеко со шеќер. Откако гризот ќе се згусне додадете го изренданото чоколадо, добро измешајте додека не се стопи и додека целата смеса не стане еднолично чоколадна. Во лим со средна големина премачкан со путер додадете ја полутечната смеса од гриз. За кремот сварете околу 7-8дл млеко а остатокот измешајте го со пудингот и шеќерот. Сварете ги пудинзите на класичен начин. Во изладениот пудинг изматете со миксер маргарин и цврсто изматена слатка павлака. Со кремот премачкајте ја подлогата од гриз. Се добро изладете и нанесете ја чоколадната глазура која се прави така што чоколадото се топи и се меша со маслото, маргаринот, шеќерот и млeкото.

Напиши коментар