Губење на тежина без диета: 5 прехранбени производи кои се полни со калории, кои секој ден можеш да ги конзумираш.
Немате повеќе изговор за да не почнете со диета, сега кога ќе дознаете дека губењето на тежината никогаш не било полесно, веднаш ќе се решите на тој чекор.
5 јадења што се полни со калории, но секој ден можете да ги конзумирате:
- Сирење
За производство на едно парче сирење потребно е една чаша млеко, па затоа не е изненадувачки што сирењето е полно со хранливи материи како калциум, фосфор, селен и витамин Б12. Во едно парче сирење, се крие нешто помалку од 7 грама протеини кои се неопходни за градење на мускулите, правилно функционирање на мозокот и сите други органи во телото. Препорачливо е за луѓето што не конзумираат месо и риба.
- Јајца
Пилешкото јајце е единствената храна на светот која не ги губи своите хранливи својства при готвење, а ги има многу. Освен што содржат минерали и витамини, тој е одличен извор на омега-3 масни киселини кои го штитат срцето и кардиоваскуларниот систем.
- Ореви
Бадемите, оревите, лешниците и другите плодови се одличен извор на витамин Е кој обезбедува еластичност и здравје. Тие содржат значителни количества на магнезиум кои тешко се апсорбираат од храната, што е многу важно за борбата против секојдневниот стрес или нервоза. Овој тип на протеини посебно се препорачува за луѓе како вегани кои не конзумираат храна од животинско потекло.
- Маслиново масло
Маслиновото масло е подарок од природата и е одличен за здравјето. Се работи за добар избор на масти кои содржат витамин Е и К, како и моќни антиоксиданти. Редовната употреба на маслиново масло се покажа дека заштитува од воспаление, го намалува крвниот притисок и го штити срцето и крвните садови.
5.Полномасен јогурт
Кога купувате јадење или пиење, не заборавајте го јогуртот, особено оние од полномасно млеко. Јогуртот е многу здрава храна бидејќи содржи калциум кој ги штити забите и коските, но исто така содржи пробиотици кои го стимулираат дигестивниот систем и го штитат од болести.