← НАЗАД НА БОЗА

Хистеријата на детето може да се запре ако му поставите само едно прашање!!!

Хистеријата на детето може да се запре ако му поставите само едно прашање!!!
144 Читања

Ех, Овие деца! Пред само една секунда малиот се смееше и играше, а сега е спремен да плаче и да направи таков спектакл кој сигурно ќе ги разбуди сите соседи.

Пронајдовме ефикасен начин за запирање на детската хистерија .

Не е важно што точно се случило. Можеби скршена играчка, или мама и забранила да јаде 10 бонбони по ред; што и да се случило, не трошете време на долги родителски трикови, што детето сепак нема да ги чуе.

Наместо тоа,  полека и добронамерно прашувајте го вистинското прашање:

Да претпоставиме дека детето е вознемирено затоа што неговиот пријател не сакал да ја дели играчката со него. Не смеете да чекате плачот на вашето дете да излезе од контрола. Веднаш поставете го прашањето: “Дали е тоа голем, среден или мал проблем?”

И по одговорот, замолете го заедно да размислувате како ќе ги надминете овие непријатности, без оглед на тоа колку голем тоа може да биде. Можеби да земе друга играчка? Или да предложите  со другарот заедно да си играат? Постојат многу варијанти!

Психолозите за деца објаснуваат дека постојат три основни причини зошто еден таков, би рекол, обично прашање, влијае на детската смиреност:

 

♦ Детето гледа дека ги прифаќаме и ги почитуваме неговите чувства.

 

♦ Прашањето му дава на детето можност да ја вклопи, размисли и оцени секоја ситуација добро.

 

♦ Прашувајќи го ова прашање, родителите се чини дека им даваат на децата способност сами да ги решат проблемите што толку  ги мачат.

Ако го поставите ова прашање и мирно зборувате со детето за неколку минути, ќе заштедите многу време, како и ќе ја добиете неговата доверба.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk