Мода

Холивудските убавици ги молат фризерите за “СТАКЛЕНА КОСА”!

Познатите убавици полудеа за трендот на “стаклена коса”.

Слободно можеме да кажеме дека моментално се работи за најмодерната фризура, а зборот е за прецизните строги линии, со јасна поделба и со висок сјај на коса.

Фризурата беше популаризирана од страна на сестрите Кардашијан, но исто  така се приклучија и цела армија на познати убавици – Џордан Дан, Оливија Кулпо, Блек Чајна, Бела Хадид …

И покрај тоа што личниот фризер на популарната Ким Кардашијан, Kris Appleton ја препорачал оваа фризура и објаснил дека се работи за  тренд кој веќе беше популарен во 90-тите години, не беше тој кој го врати истиот на сцена!

Целата треска започна кога фризерот на  Џенифер Јепез пред пет месеци објави фотографија на манекенката Хејли Болдвин.. Косата на свршеница на Џастин Бибер беше совршено мазна и остра, совршено исправна и сјајна.

Тој беше поттикнувач, а трендот на “стаклена коса” ги зарази сите по ред, пред се поради тоа што добро им стои на повеќето жени, без разлика на обликот на лицето. Ова е модерна, урбана фризура лесна за стилизирање и одржување.

Напиши коментар