Motherhood

Хормоните го менуваат женскиот мозок во бременоста

Заради преголемата количина на прогесторен женскиот мозок се менува во текот на бременоста. Трудниците многу често се наоќаат во ситуација кога имаат слаба меморија. Не може да се сетат каде ги оставиле клучевите, каде ја ставиле чашата со вода од која пиеле пред две минути…

Бременоста е состојба во која доаѓа до хормонско пореметување, кога жената се менува целосно, па дури и карактерно. Освен на меморијата, прогестеронот влијае и на осетливоста, особено во првото тромесечје од бременоста. Често патат од депресија и главоболки. Но, со правилна комбинација на витамини и минерали од свеж зеленчук и овошје и вежби и оваа ситуација може да се надмине.

Освен ова се случуваат и некои други промени како што се:

Центарот за мирис станува исклучително интензивен. За да си помогнете отворете го прозорецот, земете бонбона ментол или малку лимон.

Понекогаш се случува да чувствувате умор и кога ќе станете од спиење, во тие денови само дозволете си малку повеќе одмор. Во моментот кога ќе се почувствувате подобро пешачете или имајте некоја друга физичка активност, тоа ќе ви даде енергија.

Во текот на бременоста женскиот мозок се капе во окситоцин, па затоа има поголема потреба од нега и внимание.

Промените се јавуваат и по породувањето. И тогаш мозокот доживува промени, па во тој период и е потребно најмногу поддршка и потпора од околината. Тогаш лачењето на окситоцин е уште поголемо, па вниманието и нежностите се неопходни. Но, веднаш штом ќе се стабилизира таа е спремен борец кој ќе се грижи за бебето и себе.

Write A Comment