Motherhood

ХОРМОНИТЕ ИМ ДИВЕАТ- Разговарајте со тинејџерите

Возрасните треба да разберат дека адолесцентните хормони дивеат.

Прво избувнуваат, па плачат и на крај се повлекуваат во себе – е редоследот на најчестите секојдневни работи во животот на еден тинејџер. Па тогаш родителите се развикуваат, па се расплакуваат и одат во собата, затоа што им е жал што го сториле тоа.

Britni Skirs, психотерапевт од Чикаго, вели дека тоа е нормално, но тоа не значи дека не може да се промени.

– Може, доколку возрасните разберат дека имаат адолесценти чии хормони беснеат и дека со нив треба да се зборува, а не да се однесуваат како нив – вели Skirs.

– Кога ќе видите дека вашето дете дига врева, прашајте го дали му се случило нешто лошо. Можеби некој го навредил. Доколку плаче, бидете нежни, бидејќи некој сигурно го повредил. А доколку постојано сака да биде само, во затемнета просторија, сигурно поминува низ некој проблем. Веројатно е несреќно заљубено.

Поради тоа, не заборавајте да прашате што му е, а потоа оценете дали имате причина да го критикувате и карате – нагласува Skirs.

Write A Comment