← НАЗАД НА БОЗА

Хотел во кој секој љубител на скијањето ќе сака да отседне

Хотел во кој секој љубител на скијањето ќе сака да отседне
73 Читања

До неодамна, скијањето по покривите беше резервирано можеби само за Џејмс Бонд, но тоа сега се менува.

Всушност, Audemars Piguet Hotel Des Horlogers ќе ги отвори своите врати во 2020 година. Гостите на хотелот ќе имаат можност да скијаат од своите соби директно до патеката под хотелот, без ризик по животот.

Амбициозниот дизајн е дело на архитектонското студио на Bjarke Ingles Group (BIG), и покрај ски патеката, надворешноста е дизајнирана да се вклопи совршено во пејзажот на западна Швајцарија.

Инаку, хотелот го носи името на познатиот бренд Audemars Piguet, а во него ќе се наоѓа и музеј на класични модели на часовници.

Внатре, покрај конвенционалните соби, ќе има два ресторана, бар, спа и сала за состаноци, а познатиот бренд сака зградата повеќе да личи на комплекс апартмани отколку класичен хотел.

Изградбата започна во август оваа година, а хотелот ќе може да започне со работа во 2020 година.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk