Убавина

И тоа може: Навиткајте ја косата со помош на толатена хартија!

Сакате да постигнете совршени локни без да користите преса или фигаро кои со нивната топлина ќе ви ја оштетат косата? Ова неверојатно решение со сигурност ќе ве воодушеви! Единственото нешто што ви треба е тоалетна хартија! Да, добро прочитавте! Една ролна тоалетна хартија и чиста, сува коса.

Земате прамен по прамен, ја виткате тоалетната хартија околу прамените и ги врзувате во јазол. Наредното утро, вашата коса ќе изгледа како да сте излегле од луксузен фризерски салон.

Овој метод е евтин и не ѝ штети на косата, како што е случајот со врелите уреди за виткање коса.

Погледнете го видеото за да го видите целиот процес на виткање коса со тоалетна хартија…

Напиши коментар