Првиот танц на младенците е еден од најчестите и најмногу очекуваните обичаи на свадбата.

Традиционално, за првиот танц се игра виенски валцер, но се почесто младенците го избираат англискиот валцер, двочекор или дискофокс, а во последно време тренд се латиноамериканските и невообичаените и интересни танци исполнети со кореографија или изненадувања.
За да одберете песна или да се одлучите кој да ви биде првиот танц, треба да земете неколку работи во предвид:
– Способноста за танцување на вас како пар и евентуалната желба за учење на нови танцови чекори – доколку еден од вас не знае да танцува, би било добро да одите во училиште за танци и да завршите барем основен курс. Тоа ќе ви помогне не само за првиот танц, туку и за сите други танци на свадбата, барем да научите валцер и дискофокс, танците кои најчесто се играат. Доколку немате желба да научите да танцувате изберат некоја поедноставна песна, на која можете само да се прегрнете и движите во ритам.
– Должината, тежината и обликот на венчаница – венчаницата може да ве сопнува при изведувањето на одредени танцови чекори, побрза музика или извежбана кореографија. Размислете колку добро ќе можете да се движите во венчаницата, дали ќе ви се заплеткува и дали ќе се чувствувате пријатно додека танцувате. Исто така, добро е да се напомене дека треба да внимавате при изборот на венчаница без прерамки, за да не дојде до постојано паѓање на венчаницата надоле.
– Обичаи на свадба, без разлика дали се работи за традиционална или модерна свадба – познат е обичајот во текот на првиот танц да се повикаат родителите и кумовите да се придружат. Ако сте подготвиле посебна кореографија, добро би било да ги известите дека само младите го играат првиот танц.
Својот прв танц може да го направите уште поубав доколку изнајмите апарат за меурчиња, подготвите балон експлозија или светликави конфети. Погледнете неколку оригинални идеи за прв танц.
