Bridal

Идеи за свадбени покани – покани кои одговараат на вашата свадбена тема

Сакате вашите гости да ја отворат свадбената покана и да мислат ‘WOW – ова личи на нив!’, Нели?

Дајте им на гостите вкус од свадбената прослава за да дојдат облечени во стилот на валата свадба.

Романтична

Подгответе ги вашите гости за слатка љубовна афера со романтична покана за свадба. Мислете за меки розеникави бои, акварели, прекрасна калиграфија и отпечатоци како срциња и цвеќиња. Поканите како оваа се премногу убави за да бидат фрлени и можеби ќе ги чуваат долги години.

Минималистичка

Ако вашата естетика е повеќе минимална, одберете чист и шик стил. Острите бели страници и црната типографија се совршен начин да ја изразите вашата позадинска тема.

Плажа

Направете ги вашите покани да бидат безгрижни и опуштени, бидејќи вашата  свадба на плажа планирате да биде полна со акварели, класични нијанси од плажата и едноставен текст. Не грижете се ако не ги вклучите морската ѕвезда или делфините, нека остане елегантна со текст со забавна игра на зборови или впечатлива слика.

Класична

За да ја задржите класиката во поканите што стојат на тестот на времето, одберете чисти граници, злати и црни букви и меки нијанси.

Тропска

Креирајте покани кои се исто како “тропи-кул”, како што сте вие и вашиот вереник. Големи, смели отпечатоци, палми и флорали изгледаат неверојатни во оваа естетска поврзаност со едноставна типографија.

Акварел

Совршени за уметнички пар, акварел поканите се прекрасни и суптилни покани кои можат да се користат при секоја свадбена тема. Друго што е одлично за овој тип на покана е тоа што таа е толку разноврсна, од стил со дамки, до испрскани бои или апстрактен дизајн.

Дестинација

Кажете им на вашите гости да го запомнат датумот и да ја спакуваат торбата за оваа симпатична свадба на дестинација. На нас ни се допаѓа стилот на пасош или билет на двете покани подолу.

Луксуз

Вашиот стил нека биде богат со калиграфија од златна фолија, убава хартија и богата панделка. Стилот нека биде едноставен и софистициран и зачувајте го WOW факторот за вашиот луксузен свадбен ден.

Темна

Темниот тренд на свадбите се здоби со популарност во последниве години и изгледа како да е тука за да остане. Почастете ги гостите со инфузија на длабоки и темни бои, наспроти розевите, белите или златните, со богато печатење и луксузно плико.

Напиши коментар