Експертите велат дека преку исхраната би требало да ги добиеме сите оние супстанци кои се важни за нормално функционирање на телото, но теоријата е една работа, пракса сосема друга – често се храниме неурамнотежено, давајќи им предност на колачите и слатките, а не на овошјето и зеленчукот. Но, организмот ќе ви даде до знаење дека тоа не му се допаѓа. Овие се предупредувањата дека ви требаат повеќе хранливи материи.
- Косата и ноктите склони кон кршење и лупење
Можеби ви недостига биотин, кој се наоѓа во житариците, јајцата, млечните производи, оревите, пилешкото. Дефицитот на биотин, исто така, се рефлектира со проблеми на кожата: иритација, пилинг, воспаление.
- Бременост
Во бременоста, се препорачува повеќе фолна киселина (витамин Б9), бидејќи фолната киселина е исклучително важна за правилниот развој на детето. Најдобри извори на фолна киселина се темно зелени лиснати зеленчуци, како што се спанаќ, брокула, мешунки …
- Модрици
Ако на кожата се појавуваат невообичаени модринки, можеби ви недостасува витамин Ц, кој, покрај тоа што е добро познат покровител на имунолошкиот систем, исто така е важна за еластичноста на крвните садови. Повеќето ги има во цитрус, киви, јагоди, папаја, ананас.

- Крвави очи
Пукање на капиларите во очите може да укажува на недостаток на витамин Б2, што е од суштинско значење за видот, растот и енергијата. Најчесто се наоѓа во млечните производи, јајца, месо, риба, темно зелени лиснати зеленчуци, ореви…
- Вкочанетост
Ова е знак дека можеби ви недостига калциум, кој е важен за работата на мускулите и нервниот систем, крвниот притисок, за цврсти коски и заби. Најдобар извор на калциум имаат млечните производи, темно зелени лиснати зеленчуци, оревите, портокали…
