← НАЗАД НА БОЗА

Идентификувајте ги на време: ПЕТ знаци на вашето тело му недостига нешто важно!

Идентификувајте ги на време: ПЕТ знаци на вашето тело му недостига нешто важно!
40 Читања

Експертите велат дека преку  исхраната би требало да ги добиеме сите оние супстанци кои се важни за нормално функционирање на телото, но теоријата е една работа, пракса сосема друга – често се храниме неурамнотежено, давајќи им предност на колачите и слатките, а не на овошјето и зеленчукот. Но, организмот ќе ви даде до знаење дека тоа не му се допаѓа. Овие се предупредувањата дека ви требаат повеќе хранливи материи.

  1. Косата и ноктите склони кон кршење и лупење

Можеби  ви недостига биотин, кој се наоѓа во житариците, јајцата, млечните производи, оревите, пилешкото. Дефицитот на биотин, исто така,  се рефлектира со проблеми на кожата: иритација, пилинг, воспаление.

  1. Бременост

Во бременоста, се препорачува повеќе фолна киселина (витамин Б9), бидејќи фолната киселина е исклучително важна за правилниот развој на детето. Најдобри извори на фолна киселина се темно зелени лиснати зеленчуци, како што се спанаќ, брокула, мешунки …

  1. Модрици

Ако на кожата се појавуваат невообичаени модринки, можеби ви недостасува витамин Ц, кој, покрај тоа што е добро познат покровител на имунолошкиот систем, исто така е важна за  еластичноста на крвните садови. Повеќето ги има  во цитрус, киви, јагоди, папаја, ананас.

  1. Крвави очи

Пукање на капиларите  во очите може да укажува на недостаток на витамин Б2, што е од суштинско значење за видот, растот и енергијата. Најчесто се наоѓа во млечните производи, јајца, месо, риба, темно зелени лиснати зеленчуци, ореви…

  1. Вкочанетост

Ова е знак дека можеби  ви недостига калциум, кој е  важен за работата на мускулите и нервниот систем, крвниот притисок, за цврсти коски и заби. Најдобар извор на калциум имаат млечните производи, темно зелени лиснати зеленчуци, оревите, портокали…

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk