← НАЗАД НА БОЗА

ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО АНКЦИОЗНОСТА? Пробајте го овој кисел зеленчук, ја лекува НЕРВОЗАТА и НАПНАТОСТА!

ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО АНКЦИОЗНОСТА? Пробајте го овој кисел зеленчук, ја лекува НЕРВОЗАТА и НАПНАТОСТА!
48 Читања

Научниците откриле дека ферментираната храна може да ја намали анксиозноста и невротичноста.

Киселите краставици и останатиот зеленчук од туршијата се нешто што секој не може да го јаде поради карактеристичниот вкус.

Знаевме до сега дека тие се здрави, но она што не го знаеме е дека тие можат да имаат позитивен ефект врз луѓето кои имаат проблем со анксиозноста.

Истражувачите откриле дека ферментираната храна, како што се киселите краставички, киселата зелка или јогуртот, може да ја намали социјалната анксиозност и невротичност.

Пробиотиците или здравите бактерии од оваа храна се одговорни за тоа.

Се верува дека тие влијаат на микробниот дел во цревата, што дополнително има позитивен ефект врз мозокот преку зголемување на нивото на ГАБА. Тоа е предавател кој ја регулира вознемиреноста и нејзиното зголемување, делува како лек против неа.

До овие наоди дојдено е во истражувањата кои вклучуваа 710 ученици и ги следеа нивните симптоми на анксиозност, невротичност и социјална фобија, во однос на тоа колку ферментирана храна јаделе. Колку повеќе јаделе од оваа храна, нивото на овие нарушувања било пониско.

Факт е дека секој организам се разликува по хемискиот состав и дека различни промени се јавуваат на микро ниво. Затоа, потребни се понатамошни истражувања на оваа тема за да се добијат поконкретни заклучоци.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk