На многу од нас модните комбинации за ладното време ни претставуваат вистински предизвик, бидејќи колку и да се обидуваме, изгледаме како да сме тргнале на натпревар за зимски спортски игри.

Слоевито & бесконечно!
Кога температурата ќе се спушти под нулата, топлите џемпери, сомот панталоните, длабоките чизми и пердувестата јакна станаа сакале вие или не, еден must have, што по правило ја одзема женственоста од стајлингот.
Колку и да се обидуваме тоа да изгледа ефектно, едноставно не ни оди …
Или сепак тоа и не е толку невозможно?
Помош побаравме на Instagram профилите на It девојките на кои зимските модни комбинации им се можеби и подобри од оние резервирани за пролет/лето сезоната.
Во продолжение погледнете ги 6-те најдобри модни комбинации кои ги пронајдовме и кои се за нас најдобрата инспирација која можете да ја добиете за ДЕКЕМВРИ:
Стилизирани капути
Долгиот капут, бундата или јакната ќе добијат нова смисла ако ги струкирате со statement каиш!
Пончо never dies
Етно модно парче кое секако ќе го развесели зимското сивило и ќе го освежи вашиот basic look.
Ролка + миди animal print здолниште
Добитна комбинација која сигурно ќе ја нагласи женственоста. Секако, чорапите се подразбираат!
Неутрална класика
Со камел капут, фармерки, ролка, како и чизмички до глуждовите нема да погрешите. Ви предлагаме да го унапредите стајлингот со ефектна ташна!
Џемпер во pink боја
Ова модно парче изберете го во вибрантна боја, како што е розевата, бидејќи така сигурно ќе го оплемените својот изглед.
Animal print is the new BLACK
Доколку сметате дека е претенциозно да имате капут со дезен на леопард, секако изберете барем еден детаљ со овој дезен и вашата зима ќе стане толку шик!
