Свадбата е церемонија која речиси секоја девојка уште од мали нозе ја сонува. Омилената сезона традиционално започнува на пролет и трае до почетокот на есента. Во индустријата каде трендовите често се менуваат, на невестите им е многу тешко да одлучуваат за сите детали за овој посебен ден. Ако сте во фаза на планирање или ако немате инспирација или едноставно сакате да ги погледнете прекрасните декорации, дизајни на соништата, подолу со вас ќе ги споделиме најубавите профили за вашата венчавка.
ЛОКАЦИЈА, ДЕКОРАЦИЈА И МНОГУ РОМАНТИКА
Една од најголемата грижа на младоженците е локацијата. Пролетта најчесто е непредвидлива, па размислете ја можноста за дожд и сѐ што таа носи со себе. Лето, исто така, доаѓа со топлина, па многу девојки избираат да се омажат на море или во зеленило. Посебен акцент се става на цветните аранжмани.
Младоженците обично сакаат лично да се ангажираат околу деталите. Грациозност и класика никогаш не излегува од мода, па нема да зажалите ако се одлучите за екстравагантна свадба за која долго време ќе се збори. Вашиот карактер доаѓа до израз во деталите што ќе ги изберете, и да не заборавиме, свадбениот накит и прстените треба внимателно да се изберат!