← НАЗАД НА БОЗА

Интересни факти за бебињата родени во декември

Интересни факти за бебињата родени во декември
114 Читања

Декември е време на празници, а многумина тогаш го прославуваат и роденденот. Еве неколку интересни работи за бебињата родени во декември.

Долго живеат

Истражувањето покажа дека личностите родени во декември имаат големи шанси да ја доживеат 105-тата година!

Тие се подобри на училиште

Во детството многумина не сакаат што роденден им е на крајот на годината.

Сепак, истражувањата покажуваат дека, до времето кога завршуваат училиште, децата родени во декември обично имаат подобри академски достигнувања од нивните врсници родени претходно во текот на годината.

Тие се утрински птици

Можеби тоа има врска со тоа што се роди во месецот кога порано се стемнува, но истражувањата покажуваат дека луѓето кои се родени во декември сакаат рано да легнуваат и рано да стануваат од кревет.

Има поголеми шанси да бидат левичари

Истражувањето спроведено во Виена покажа дека момчињата родени во ноември, декември и јануари имаат поголеми шанси да бидат левоориентирани. Од друга страна, девојките родени во тие месеци немаат поголеми шанси да бидат левичари.

Имаат подобри физички способности

Луѓето родени во декември имаат подобри атлетски способности, покажуваат истражувањата.

Емотивно се постабилни

Иако луѓето родени во декември се повеќе склони кон депресија и песимизам, тие генерално се помалку склони кон чести промени во расположението и не се особено темпераментни.

Не се склони кон посериозни заболувања

Истражувањето, кое ја испитува врската помеѓу месецот на раѓање и болестите, покажа дека луѓето родени во декември не се особено склони кон посериозни заболувања.

Тие се авантуристи

Бебињата родени во декември најчесто сакаат да патуваат и да истражуваат различни култури.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk