Здраво тело

Исчистете го организмот за само ПЕТ дена!

Нутриционистите го предложуваат следниов план за детоксикација:

Прв ден

Појадок: Омлет од 3 белки или 2 цели јајца, во комбинација со марула или друг зелен зеленчук по сопствен избор, авокадо и 2 колачиња од интегрален ориз.

Ужина: Малку ореви и неколку боровинки.

Ручек: Салата со печено пилешко бело месо и зеленчук (измешајте исечкана зелка, морков, брокула, кромид, марула, неколку ореви, авокадо и круша).

Ужина: Протеински шејк (направете го од протеини во прав кои ќе ги измешате со малку цимет, ванила, 75 грама замрзнато овошје, 75 грама замрзната банана, 75 грама бадеми или 120 милилитри кокосово млеко, малку мраз и 120 милилитри филтрирана вода)

Вечера: Риба со зеленчук по желба.

Втор ден

Појадок: Грчки јогурт и половина папаја.

Ужина: Варено јајце и салата од морков, целер и краставица.

Ручек:Салата со печено пилешко бело месо и зеленчук (измешајте исечкана зелка, морков, брокула, кромид, марула, неколку ореви, авокадо и круша).
Ужина: Малку хумус и зеленчук по сопствен избор.

Вечера: Пилешко бело месо со обарена брокула, аспарагус и марула.

Трет ден:

Појадок: Протеински шејк (направете го од протеини во прав кои ќе ги измешате со малку цимет, ванила, 75 грама замрзнато овошје, 75 грама замрзната банана, 75 грама бадеми или 120 милилитри кокосово млеко, малку мраз и 120 милилитри филтрирана вода).

Ужина: Малку хумус и зеленчук по сопствен избор.

Ручек: Лосос со салата од аспарагус, сладок компир и спанаќ.

Ужина: Грчки јогурт.

Вечера: Говедско месо со марула и карфиол.

Четврти ден:

Појадок: Едно или две варени јајца со колачиња од интегрален ориз и половина авокадо.

Ужина: Половина грејпфрут и неколку бадеми.

Ручек: Салата со печено пилешко бело месо и зеленчук (измешајте исечкана зелка, морков, брокула, кромид, марула, неколку ореви, авокадо и круша).

Ужина: Протеински шејк. (направете го од протеини во прав кои ќе ги измешате со малку цимет, ванила, 75 грама замрзнато овошје, 75 грама замрзната банана, 75 грама бадеми или 120 милилитри кокосово млеко, малку мраз и 120 милилитри филтрирана вода).

Вечера: Лосос со салата од печурки и брокула.

Петти ден

Појадок: Овесна каша со боровинки и ленено семе.

Ужина: 1 варено јајце и зеленчук по желба.

Ручек: Салата од лосос подготвен на скара и брокула.

Ужина: Грчки јогурт со бадеми.

Вечера: Пилешко или риба со зелена салата.

Во текот на целата програма за детоксикација пијте чај од камилица и најмалку две-три литри вода дневно. После петтиот дена, вашиот организам ќе биде прочистен, оправен, а вие спремни за нови работни победи!

Напиши коментар